Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прилепчанец нашол гласачки ливчиња зад параванот

Прилепчанец нашол гласачки ливчиња зад параванот

Гласач во Прилеп на гласачкото место 1376 во ОУ „Блаже Конески“ пријавил дека зад параванот има 3 гласачки ливчиња со печат, на кои се уште никој не гласал.

Гласачот веднаш интервенирал кај членовите на избирачкиот одбор кој го прекинал гласањето и ја известил Општинската изборна комисија. ОИК извршила увид на ова избирачко место. 

Во Прилеп изборниот процес тече без други видливи проблеми. Според избирачките одбори, евидентна е помала излезност во однос на вонредните парламентарни избори во декември. Според последните информации од ДИК, до 14 часот во Прилеп излезноста е 35,74 отсто.

Слично

Поврзани вести