ПРИЛЕПЧАНЕЦ И КРУШЕВЧАНЕЦ УАПСЕНИ ЗА ИЗМАМА СО ЛАЖНА СООБРАЌАЈКА - МВР покрена кривична пријава против сторителите
Две лица од Прилеп и од Крушево се уапсени поради сомнеж дека со измама одзеле поголема сума пари од повозрасна жителка на Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од министерството истакнуваат дека со ова е расчистен случај со измама со лажна сообраќајка, при што се лишени од слобода две лица и поднесена е кривична пријава против нив.
Од таму додаваат дека СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
- На 25.08.2025 во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која прегазил осумгодишно дете, а нејзиниот син и неговата сопруга биле повредени, а доколку сака да го спаси синот од кривичен прогон, требала да им даде 72.500 денари.
Откако ги зеле парите, пријавените заминале, а оштетената подоцна сфатила дека е измамена. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и измамниците се пронајдени и лишени од слобода, по што е поднесена кривична пријава - се посочува во соопштението на МВР.
Слично
