Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за завршено осмо одделение за да полага возачки испит

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за завршено осмо одделение за да полага возачки испит

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за завршена осмолетка за да полга за возачка дозвола.

„ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Н.А.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа”. Во септември 2025 година, пријавениот направил лажна исправа – свидетелство на негово име издадено од основно училиште за завршено осмо одделение, кое имал намера да го употреби за пријавување во авто школа за полагање на возачки испит, иако имал завршено четврто одделение“, информираат од полицијата. 

Инаку, откако почна да функционира системот „Безбеден град“ и откако полицијата одзема возила на лица од ромска националност, во Битола и во други градови имаше протести. Ромите бараа да возат без положен возачки испит. Се правдаа дека некои од нив се неписмени. 

Слично

Поврзани вести