ПРИЛЕП ЗАВИЕН ВО ЦРНО: Убиени мајка и ќерка, синот и брат се спасил
Семејна трагедија утрово го потресе Прилеп. Мајка и ќерка се убиени од зетот и поранешен сопруг.
Според официјалните информации на надлежните жртвите се убиени со огнено оружје од педесет годишен маж, кој бил поранешен сопруг на сега починатата А.П. со која имале нарушени односи и не живееле заедно.
Од осомничениот се спасил братот и син на починатите, кој заврши со две прострелни рани а во моментот на трагедијата се наоѓал во истата просторија.
Како што се наведува со повреди завршил и осомничениот за двојното убиство при обид да биде совладан во намерите, кој заедно со братот и син кој се спасил се наоѓаат во болницата во Прилеп.
Безживотните тела на мајката Т.К. родена 1956 година и ќерката А.П. родена 1979 година врз кои ќе се прави обдукција се најдени утринава по извршениот увид во куќа ул. „Александар Македонски“ во Прилеп.
