Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прилеп започна со обнова и реконструкција на мостовите во градот

Прилеп започна со обнова и реконструкција на мостовите во градот

Локалната самоуправа на Прилеп почна проект за обнова и реконструкција на мостовите во градот. Работите почнаа на еден од најфреквентните мостови кај градската автобуска станица.

Според Бранко Нешкоски од ЈП за урбанистичко планирање станува збор за 10 мостови кои ќе добијат модерен урбан изглед. Ќе се обнови металната ограда, патеките за пешаците и целосно мостовите ќе добијат нмов современ изглед. Секој мост ќе биде различно уреден, со свој сензибилитет и карактеристики.

- Почнавме со реконструкцијата на мостот кај автобуската станица и работите треба да се заокружат за две недели. Покрај десетте градот ќе добие уште два и тоа пешачки моста и нивното уредување ќе го добполи сдовремениот изглед на градот, вели градоначалникот Марјан Ристески.

Слично

Поврзани вести