Прилеп направи подземен катастар на водоводната мрежа
Прилеп меѓу првите градови во државата ќе има подземен катастар на водоводната инфраструктура, информираше градоначалникот Марјан Ристески.
„Подземниот катастар на инфраструктурата значи моментално детектирање на дефекти, состојба и надградување на подземната инсталација. Почнуваме со водоводната, а наскоро треба да се има увид во комплетната електрична, телефонска, комунална и целосна подземна инсталација“, посочи Ристески.
Според Сашо Николоски, директор на ЈП „Водовод и канализација“ дигитално Прилеп има увид во 65 отсто од водоводната мрежа со обновата со грантот од германската КФВ банка.„Сега постојано, преку локалната самоуправа, ќе се внесуваат сите потребни технички податоци за мрежата, при секоја промена или дефект, надградба за увид да имаат сите: и оние кои треба да ги обновуваат улиците и ние како претпријатие за да ги детектираме промените, а и самите граѓани“, изјави Николоски.
