Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прилеп има над 800 активни случаи на коронавирусот

Прилеп има над 800 активни случаи на коронавирусот

Прилеп има повеќе од 800 активни случаи на коронавирусот. 

Според податоците на Министерството за здравство, во Општина Прилеп има 805 активни. Најмалку активни, само 2 случаи има во Македонска Каменица. Дојран има 5, а Македонски Брод 9 активни случаи. Виница и Кратово имаат по 23 активни случаи. 

Општинскиот кризен штаб на Прилеп побара од Главниот кризен штаб, од Владата на Република Северна Македонија и Комисијата за заразни болести, заострување на мерките за заштита од Ковид-19 кои ќе се однесуваат на целата територија на општина Прилеп.
Полицискиот час, којшто сега започнува во 22.00 часот и трае до 05.00 часот, да започнува во 19.00 и да трае до 05.00 часот наутро.
Слично

Поврзани вести