Прилеп и околните села три часа беа во мрак, дефектот саниран по полноќ
По три часа санирање на дефектот, Прилеп и околните села добија струја, информираше Центарот за управување со кризи.
„Прекинот со напојување на електрична енергија кај Прилеп и околните села е саниран во 00:49 часот. Моментално нема прекин со снабдувањето на електрична енергија“, велат од ЦУК.
Иако првично од таму рекоа дека проблемот го решава ЕВН, потоа информираа дека всушност, далноводот од 110 КВ кој имаше дефект бил на државната МЕПСО.Поради тој дефект, синоќа без струја останаа целиот град Прилеп, како и околните села.
Слично
