Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИЛЕП БИЛ ПОД „ОПСАДА“ НА ПОЛИЦАЈЦИ И ИНСПЕКТОРИ - објекти работеле без документи, точеле алкохол на малолетници

ПРИЛЕП БИЛ ПОД „ОПСАДА“ НА ПОЛИЦАЈЦИ И ИНСПЕКТОРИ - објекти работеле без документи, точеле алкохол на малолетници

Прилеп вчера бил под опсада на голем број полицајци и инспектори од сите области, а меѓу другото откриле дека во некои објекти се точи алкохол на малолетници, дека некои работници работат на црно и објектот нема документација за работа, а фатено било и лице кое се сомничи за голем број кривични дела.

„На 21.07.2022 од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица, патнички возила и угостителски објекти на подрачјето на Прилеп. 

За време на контролите во угостителски и хотелски објекти, реализирани во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи е утврдено точење на алкохол на малолетни лица, непоседување на документација за работа на еден угостителски објект, во кој се затекнати четири лица како извршуваат работни задачи, а за кои не постои документација дека се вработени. Констатираните неправилности ќе бидат соодветно санкционирани“, се вели во соопштението од Полицијата. 

Се додава и дека при контролите, по преземени дополнителни мерки, лишен од слобода е и Н.Д.(36) од Скопје,  кој се сомничи за повеќе извршени кривични дела. 

„За случајот е известен Јавен обвинител, а лицето е приведено во полициска станица за понатамошна постапка, по чие документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Слично

Поврзани вести