ПРИЈАВУВАЛЕ СТОКА СО ПОГРЕШНА ТАРИФА ЗА ПОНИСКИ ЦАРИНИ - кривична за увозник, шпедиции и лиценцирани застапници
Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и лиценцирани застапници кои со ваквото дело го оштетиле Буџетот на државата за 622.492 денари или благо над 10 илјади евра, објави Царинската управа на Македонија.
- Станува збор за увози извршени во периодот од октомври 2022 година до мај 2023 година, за кои осомничените – шпедиции и лиценцирани застапници, во договор со увозникот, стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки.
Делото е откриено при контроли извршени од страна на инспектори од Одделението за контрола на трговски друштва, по што случајот е предаден на Одделението за истраги од каде против сторителите е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство и донесени се решенија за дополнителна наплата - се посочува во објавата на Царина.
Царинската управа ќе продолжи со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
