Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Истепани две жени во Скопје, а син истепал татко во Пробиштип

ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Истепани две жени во Скопје, а син истепал татко во Пробиштип

И денеска во полицискиот билтен има повеќе пријави за семејно насилство. 

Во СВР Скопје, вчера во 20 часот, 27-годишна жена од скопско село пријавила дека околу 18.20 часот во селото физички ја нападнал нејзиниот поранешен партнер З.Н.(39) од Велес.

Во полициска станица во Скопје, 40-годишна жена синоќа во 23.15 часот, пријавила дека дента околу 14.30 часот  дома ја нападнал сопругот И.А.(50) од Скопје кој потоа се заканил со огнено оружје.

Син го нападнал татко си во Пробиштип и го тепал со тврд предмет. Во Полициската станица Пробиштип вчера е извршен службен разговор со 67-годишен маж од Пробиштип, кој на 2-ри месецов,  околу 07.10 часот пријавил дека во семејниот дом во Пробиштип го тепал неговиот син Љ.М.(39).

Слично

Поврзани вести