Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пријави против узурпатори на земјиште на Бигорскиот манастир

Пријави против узурпатори на земјиште на Бигорскиот манастир

МВР поднесе кривична пријава против четири лица поради узурпација на земјиште во сопственост на МПЦ-ОА, кај месноста Манастирец, покрај патниот правец Дебар-Струга, кое претходно со денационализацијата му било вратено во сопственост на Бигорскиот манастир.

– Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности” и „бесправна градба”, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Н.Б.(88) од дебарското село Џепиште, Ј.Б.(62) и С.А.(41), двајцата од Скопје и М.Х.(33) од Дебар, информираше Стефан Димоски портарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Пријавените во текот на минатата година на различни катастарски парцели кај местото „Три чешми“, атар на општина Центар Жупа, покрај реката Црни Дрим и езерото Шпилје,  бесправно изградиле објекти. Н.Б. се стекнал со противправна имотна корист од 150.480 денари, Ј.Б. со 106.920 денари, С.А. со 33.660 и М.Х. со 466,527 денари.

Деновиве, по истите основи, кривични пријави беа поднесени против двајца скопјани, кои се стекнале со противправна материјална корист од 69.300 денари, односно од 37.431. денари.


Слично

Поврзани вести