Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пријавени се четириесетина штети од невремето во Скопје

Пријавени се четириесетина штети од невремето во Скопје

Четириесетина штети се пријавени од невремето во Скопје. 

Невремето во Скопје предизвика оштетувања на покривни конструкции, на повеќе места се паднати дрвја и бандери со кабли, што заедно со поплавените подвозници и делови од сообраќајниците го отежнува сообраќајот и движењето на граѓаните.

„По невремето што зафати дел од градските и приградските населби на град Скопје од страна на Е – 112 до РЦУК Скопје стигнаа 40 – тина меилови. Триесетина од нив се однесуваа на паднати дрва на различни локации во градот кои го попречуваат движењето на граѓаните и одвивањето на сообраќајот, паднати бандери со струјни и телефонски кабли“, информираат од Центарот за управување со кризи.

Се споделуваат информации за штети во скопските населби Лисиче, Ченто, Драчево, каде паѓаше град, како и за поплавувања на сообраќајници во општините Бутел, Чаир.

Слично

Поврзани вести