Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пријава против екс градоначалник на Чашка, терал вработена да работи повеќе

Пријава против екс градоначалник на Чашка, терал вработена да работи повеќе

СВР Велес поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Велес, како поранешен градоначалник на Чашка,како и М.А., раководител на финансиското одделение во општина Чашка, поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според дневниот билтен на МВР, поранешниот градоначалник терал ја терал осомничената како вработена во општината да работи со целосно работно време, наместо со скратено, поради што добила поголема плата со вкупен збир од 50.109 денари,што полицијата го толкува како нанесување на штета на буџетот на општината.

„Првопријавениот Г.С., поранешен градоначалник на општина Чашка, во текот на 2021 и 2022 година во повеќе наврати свесно и со умисла ја ангажирал второпријавената да извршува работни задачи подолго од нејзиното работно време, иако работела со скратено работно време и согласно Законот за работни односи забрането е вршење на прекувремена работа за лице кое работи со скратено работно време. 

Второпријавената М.А., раководител на финансиското одделение во општина Чашка, и покрај известувањето од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и Решението за скратено работно време од четири часа поради здравствени причини, прифатила да биде ангажирана, за што и биле исплатени парични средства во износ од 50.109 денари на штета на буџетот на општина Чашка.


Слично

Поврзани вести