Пријатни температури и стабилно време: Еве ја прогнозата
Сончево и стабилно време, за овој понеделнички старт на работната недела, најавија метеоролозите.
Температурите максимално ќе се искачат до 28 степени целзиусови а на места ќе дува и ветер од северен правец.
Во главниот град, времето ќе биде стабилно, сончево и суво со максимална дневна температура до 27 степени.
Стабилно време со пораст на температурите се очекуваат во следните денови, кога максималните дневни ќе достигнат до 33 степени.
Слично
