Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИЈАТЕЛСКА СРЕДБА И ЗНАЧАЈНО ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНИЈА - премиерот Мицкоски се сретна со кралот Чарлс

ПРИЈАТЕЛСКА СРЕДБА И ЗНАЧАЈНО ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНИЈА - премиерот Мицкоски се сретна со кралот Чарлс

Премиерот Христијан Мицкоски во Лондон се сретнал со Кралот Чарлс. Ова македонскиот претседател на Владата го објави на својата фејсбук страница, заедно со фотографија од средбата.
„Во Лондон остварив средба со НВ Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III.

Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што дискутиравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области.

Оваа средба претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото Кралство“, пишува премиерот во објавата.


Слично

Поврзани вести