ПРИЈАТЕЛИТЕ СЕ ОПРОСТУВААТ, ЗАМИНА НЕНАДЕЈНО - почина Мирчо Чуков, член на легендарната група „Интервали“
На 65-годишна возраст вчера ненадејно почина вокалистот и клавијатурист на легендарната македонска група „Интервали, кој воедно беше и член на политичката партија СДСМ, Мирчо Чуков.
Веста за ненадејната смрт на Чуков ја соопшти огранокот на СДСМ од Ново село.
„Со голема жалост ве известуваме дека денес попладне на 65-годишна возраст ненадејно почина Мирчо Чуков. Изгубивме голем сопартиец, борец, а пред сѐ голем човек! ПОЧИВАЈ ВО МИР ПРИЈАТЕЛЕ!
Сочувство до фамилијата!“, се вели во фејсбук објавата на СДСМ Ново Село.
Слично
