Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИЈАТЕЛИТЕ ЈА МАРКИРАА ПАТЕКАТА КАЈ ЃУРИШКИ МАНАСТИР: Ќе го носи името на загинатиот научник Васко Саздовски

ПРИЈАТЕЛИТЕ ЈА МАРКИРАА ПАТЕКАТА КАЈ ЃУРИШКИ МАНАСТИР:  Ќе го носи името на загинатиот научник Васко Саздовски

Пријателите на македонскиот научник Васко Саздовски кој загина лани во Нови Сад при уривање на натстрешница, ја маркираа патеката кај Ѓуришки манастир во негова чест. 

Во негова чест, утре ќе пуштена рекреативна патека во неговото родно место Свети Николе. Шест негови пријатели, вљубеници во природата, во спомен на Васко маркираа рекреативна планинарска патека на Ѓуриште, насока која, како што велат, е трасирана од него.

„Васко нѐ напушти прерано, но не нѐ заборави. Како подарок ни ја остави оваа негова патека, која ќе нè потсетува на него, на неговата љубов кон природата, неговата желба да создава, на неговата вечна инспирација. Тој ја создаде, нас ни остана само да ја обележиме насоката и со секое искачување да правиме повторување на она во кое тој уживаше!“, велат неговите пријатели.

Патеката е долга околу 5 километри и се поминува за околу 1,5 час. Саздовски е една од 16-те жртви на несреќата која се случи во Нови Сад во Србија. 

Слично

Поврзани вести