Приговорите на се прифатени: Шилегов можел да објавува конкурси за субвенционирање на велосипеди и инвертери
Комисијата за спречување на корупција ги одби приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за можни изборни злоупотреби и оцени дека Град Скопје под управа на градоначалникот Петре Шилегов можел да распишува повици за субвенционирање на купени велосипеди и климатизери-инвертери.
Во двата случаи е забележано дека не е направена ниту една исплата до сега, а законски тоа треба да се случи по одржувањето на изборите.
Сепак од Антикорупциска наведоа дека писмено ќе се побара од надлежниот јавен обвинител во рок од 30 дена да ја извести комисијата за преземените активности од аспект на доброто управување.
– Не станува збор за правен проблем, мислам дека се работи за политичко поднесување на овој тип приговори, со цел да се направи некакво алиби за очигледниот дебакл што ќе го доживеат на претседателските избори, рече градоначалникот Шилегов, кој беше присутен на седницата на ДКСК и ги коментираше приговорите на ВМРО-ДПМНЕ
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница одби осум од девет приговори поднесени од ВМРО – ДПМНЕ за прекршување на Изборниот законик и Законот за корупција и судир на интереси, од распишувањето на претседатеските избори.
