Прифатено барањето на СЈО за притвор на Мијалков и Ибраими
Судот го прифати барањето на СЈО и на Сашо Миојалков и Бедредин Ибраими им одреди мерка притвор по првостепената пресуда од три години, односно четири и пол години затвор за случајот „Титаник 2“.
Поранешниот директор на УБК и поранешниот член на ДИК писмено решение ќе добијат и ќе имаат право на жалба. Решението за мерката притвор може да го добијат уште денеска.
Мендух Тачи, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска ќе мора да се јавуваат во судот како мерка на претпазливост.
Жалбата не го одложува извршувањето.
Мијалков во моментов е во куќен притвор за случајот „Империја“.
Слично
