Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прифатени амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за Комисијата за спречување корупција

Прифатени амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за Комисијата за спречување корупција

Власта ги прифати амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за да се донесе поквалитетен закон за формирање на државната Комисија за спречување корупција и судир на интереси.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека немале намера да блокираат вакви важни закони.

„Задоволни сме што владејачкото мнозинство конечно сфати дека на Република Македонија и е потребна квалитетна и пред се професионална Антикорупциска комисија што ќе работи сериозно и без било какви политички влијанија, со што сите манипулации и изјави на претставниците на владејачкото мнозинство што беа изнесувани деновиве, паднаа во вода“, изјави Ане Лешкоска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во Собранието.

Но, антикорупцинерите сепак ќе имаат увид во банкарските сметки. 

Од СДСМ на прес-конференција во Собранието изјавија дека Македонија ќе добие силна и независна институција за борба против корупцијата по европски стандарди. 40 амандмани кои беа доставени од ВМРО-ДПМНЕ, нашле согласност за 20 амандмани кои, како што истакнаа, се во функција на зајакнување на текстот на одредени одредби и оти истите заеднички ги поднеле.

Слично

Поврзани вести