Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прифатена уште една група Авганистанци во Македонија

Прифатена уште една група Авганистанци во Македонија

Владата денеска информира дека доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје прифатена е нова група од 149 Авганистанци. Во Македонија досега пристигнаа вкупно 450 граѓани од земјата каде што талибанскиот режим повторно е на власт.

- Станува збор за стипендисти на Фондациите Отворено општество и граѓани кои работеа во меѓународните мисии за развој на демократијата во Авганистан, како и членови на нивните семејства, велат од Владата.

Тие ќе бидат сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација, а во соопштението се вели дека трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

- По слетувањето доцна синоќа беше спроведена стандардна процедура, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина.
 Црвениот крст им подели хигиенски пакети и облека, а дополнително и за лицата кои претходно пристигнаа во Северна Македонија, Црениот крст дистрибуираше дополнителни средства за хигиена, зимска облека и обувки, додаваат од таму.


Слично

Поврзани вести