Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИФАТЕНА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД - еве какви мерки се договорени

ПРИФАТЕНА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД - еве какви мерки се договорени

Претставниците на иницијативата Зелен хуман град објавија на социјалните мрежи дека успеале да добијат поддршка од сите политички учесници во Советот на градот за нивното барање за дислокацијата на цементарницата Усје. 

- Првпат во историјата на Скопје успеавме да ги обединиме сите политички групи во Советот да застанат рамо до рамо со скопјани и јасно и цврсто во еден глас да речат УСЈЕ НАДВОР ОД СКОПЈЕ!

По 13-часовна седница, Советот на Град Скопје едногласно ја усвои нашата иницијатива со следните заклучоци чиешто спроведување многу посветено ќе го следиме!

Се задолжува Град Скопје да се обрати до Министерството за животна средина со официјално барање да се испита работењето на Усје и сите големи индустриски загадувачи, како и дали истите целосно ги исполнуваат сите услови, обврски и критериуми кои произлегуваат од важечката дозвола за работа и релевантната еколошка регулатива и во најбрз рок да го известат Град Скопје за резултатите.

Се бара Државниот инспекторат за животна средина да изврши серија ненајавени вонредни испекциски надзори врз работењето на Усје и сите големи индустриски загадувачи со цел утврдување на фактичката состојба, почитувањето на еколошките стандарди, дозволените емисии и примената на мерки за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Се повикува Општина Кисела Вода врз основа на наодите, параметрите и мислењата добиени од Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина да води особена сметка при понатамошната изработка на ДУПовите како и да ги земе предвид истите при сите идни урбанистички и плански постапки - се истакнвуа во објавата. 

Додаваат дека последната обврска се однесува и на останатите општини во составот на Град Скопје и Град Скопје со цел обезбедување усогласен, одговорен и одржлив пристап во просторното и урбанистичкото планирање во интерес на заштитата на животната средина и квалитетот на животот на граѓаните.

- Се задолжува градоначалникот на Град Скопје да се обрати до владата за да го разгледа начинот за започнување на постапка за дислокација на Усје и сите големи индустриски загадувачи на соодветни места надвор од скопската котлина согласно Законот за животна средина и Просторниот план на Р - се потенцира на крајот од објавата споделена на Фејсбку. 


Слично

Поврзани вести