Прифатен предлогот за притвор на Бектеши, по 30 дена добија уште 12-мина
Судот денеска информира дека е прифатен предлогот на Обвинителството и одреден притвор за 13 лица од 19-те кои се опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 59 луѓе, а околу 190 беа повредени.
Меѓу 13-темината е и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, додека за останатите шест ќе се одлучува во текот на денешниот ден.
Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани, соопштија од ОЈО.
Слично
