Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИЧИНА КОЈА ЈА НАВЕДЕ ДА НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР: Јахоски не поднел барање за старателство врз децата

ПРИЧИНА КОЈА ЈА НАВЕДЕ ДА НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР: Јахоски не поднел барање за старателство врз децата

Основниот граѓански суд Скопје негира дека донел решение за старателство над четирите деца на сопственикот на компанијата Пуцко петрол, Асмир Јахоски, кој е осомничен за криминал вреден 167 милиони евра, објави ТВ 21. 

Токму старателството врз децата, од кои три се малолетни, беа една од причините поради која Jахоски барал ефективниот притвор да му биде заменет со поблагата мерка куќен притвор.

„Основниот суд Скопје 2 соопштува дека лицето Асмир Јахоски роден на 19.10.1984 година со адреса село Пласница не поднело барање до Граѓанскиот суд за старателство над своите деца. Според информациите дадени согласно оперативниот систем АКМИС кој се користи во работата на судовите, откриен е само еден случај П1 бр. 3081/12 за лицето Асмир Јахоски за долг кон него од лицето Т.Ц., предмет за кој имаше решение на 3.04.2013 година“, велат од Граѓанскиот суд.

Во меѓувреме, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе жалба до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје поради значајна повреда на одредбите од кривичната постапка и бара Кривичниот совет да ги разгледа фактите опфатени во претставката, како и да донесе решенија прифатени според претставката.

Јахоски и уште 12 други се осомничени во случајот „Мазут“ за криминал вреден 167 милиони евра. Апсења и претреси деновиве имаше на повеќе локации во Македонија. 

Слично

Поврзани вести