Прибе: ЕУ да ги отвори преговорите за членство со Македонија
Иницијаторот на реформите во правосудството и анти-корупцијата во Македонија, Рајнхард Прибе, на трибина во германскиот Бундестаг рече дека земјата треба да биде „наградена“ од ЕУ дури и да се случи да не одат според планот планираните ратификувања на Преспанскиот договор следната година, објави Дојче Веле.
„Доколку во Грција од која било причина не биде ратификуван Преспанскиот договор, ЕУ мора да биде храбра и да ги отвори преговорите за членство со Македонија, независно од спорот за името“, рече Прибе.
Според иницијаторот, Македонија мора да остане мотивирана да ги продолжи реформите.
На дебатата било констатирана целосно сменета атмосфера во државата во позитивна насока, беа упатени честитки за напредокот со договорот со Грција, но имаше и критики за бавното спроведување на клучните реформи во Македонија.
Слично
