ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво
При падот на дрвото во Скопје повредени биле две жени, oд кои едната потешко, соопшти полицијата.
Во СВР Скопје вчера во 14.27 часот е пријавено дека на бул.„Климент Охридски“ во Скопје, поради лошите временски услови паднало дрво и повредило двајца минувачи. Со тешки телесни повреди се здобила В.Л.(28) од Прилеп, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, а со телесни повреди се здобила А.А.(35) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Вчера во Скопје имаше невреме. Силниот ветер предизвика паѓање на дрвја, па дури и фасадата од зграда во Аеродром беше уништена. Невреме во Скопје имаше и минатата недела, а вчера и во регионот имаше невреме кое во Црна Гора однесе и жртви.
