ПРИ КРАЈ СЕ ПРОТОКОЛИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ШКОЛИТЕ: Филипче најави старт за сите ученици
Министерот за
здравство, Венко Филипче денеска изјави дека доколку епидемиолошката состојба и во септември биде мирна и стабилна како сега, учениците треба
да се вратат во школските клупи, нагласувајќи дека речиси се готови протоколите
кои ги спрема експертска група за
безбедно враќање во училиштата.
-Скоро се готови протоколите за работа на училиштата од септември. Има уште некои технички детали кои ги работат во работната група во која членуваат претставници на МОН и наши епидемилози, претставници од Комисијата за заразни болести. Се планира децата да бидат присутни 100 проценти во училиштата. Протоколите опфаќаат мерки за дезинфекција, мерки на внимателност при влез и излез, нема да има мешање на различни класови. За неполни две недели целосно ќе бидат готови протоколите, а веднаш кога ќе започне имунизацијата со големата бројка вакцини кои доаѓаат викендов, продолжуваме со вакцинација на наставничките и наставниците. Од вкупно 30 илјади наставници, околу 10 илјади веќе се вакцинирани, тоа се оние наставнички кои работеа со физичко присуство, рече министерот Филипче.
Нагласи и дека во наредниот период, кога же пристигнат значителни количини од вакцините против ковид-19 ќе бидат вакцинирани сите просветни работници. Засега се вакцинираа само оние кои наставата ја држеа со физичко присуство, околу 10.000, останатите 20.000 треба да се вакцинираат во наредниве месеци, нагласи Филипче.
