Економија, финансии, бизнис

Контакт

При експлозија на плинска боца повредено едно лице

При експлозија на плинска боца повредено едно лице

Експлодираше плинска боца во Делчевско. 

Пожарникарите денеска спречија поголемо опожарување на семејна куќа при експлозија на боца во делчевското село Тработивиште. Од Територијалната противпожарна единица Делчево информираа дека при експлозијата не е предизвикана посериозна штета.

„Експлозијата беше од помал размер што придонесе релативно за брзо време да го локализираме пламенот што зафати една соба, но за среќа не се прошири во останатите делови од куќата. Во акцијата учествуваа двајца пожарникари со едно возило“, соопштија од ТППЕ Делчево.

Во пожарот, едно лице се здобило со изгореници од полесен вид.

При несреќата настанала мала материјална штета, односно опожарување на дел од столаријата во внатрешниот дел од објектот.

Слично

Поврзани вести