Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕЖИВЕАНИТЕ СЕ СТАБИЛНИ И СЕ ЛЕКУВААТ ВО ТЕТОВО: Тридневна жалост во градот

ПРЕЖИВЕАНИТЕ СЕ СТАБИЛНИ И СЕ ЛЕКУВААТ ВО ТЕТОВО: Тридневна жалост во градот

Прогласена е тридневна жалост во Тетово, откако синоќа изгоре модуларната болница во градот. За одлуката на советот на општината денеска соопшти градоначалничката на Тетово, Теута Арифи која не сакаше да коментира ништо повеќе за настанот. рече дека треба да се почека на истрагата и изрази сочувство до сите граѓани на Тетово денеска на прес-конференција во општината.

„Како што веќе бевте информирани, се одржа седница на Советот. Дадени се три дена жалост, и исто така додека ги добиеме официјалните информации во однос на идентитетот на жртвите од енергентниот фонд што го имаме како општина Тетово ќе интервенираме до тие семејства, рече Теута.

Вели дека е во постојан контакт со надлежните, а на новинарско прашање за тоа во каква состојба се преживеаните рече дека се стабилни и сместени во болницата во Тетово.

Слично

Поврзани вести