Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕЖИВЕАН ОД ПОЖАР ВО ДИСКО ВО БУКУРЕШТ: На Македонците можеме да им пренесеме како се рехабилитиравме

ПРЕЖИВЕАН ОД ПОЖАР ВО ДИСКО ВО БУКУРЕШТ: На Македонците можеме да им пренесеме како се рехабилитиравме

Преживеани од пожарот кој се случи во 2015 година во дискотеката „Колектив“ во Букурешт во Романија нудат помош за настраданите во Кочани. 

Михај Греча, еден од преживеаните  објави на Фејсбук отворено писмо до повредените и нивните блиски, во кое дава совети и нагласува дека е подготвен да помогне.

Тој се наоѓал во клубот за да го снима концертот на групата „Goodbye to Gravity“. По пожарот, Михај Греча бил речиси еден месец во кома во болницата „Флореаска“ во Букурешт. Греча истакна дека здравствениот систем во Романија тогаш не бил подготвен да се справи со ситуацијата и претпоставува дека тоа важи и за Македонија.

„Можеме да им кажеме кои решенија беа ефикасни кај нас, кои се најдобрите клиники за рехабилитација во Европа и како може да се стигне до нив“, вели Греча.

Европската комисија објави дека Македонија го активирала Механизмот на ЕУ за цивилна заштита поради пожарот. Првите понуди за помош преку механизмот пристигнаа од Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Унгарија, Луксембург и Норвешка. 

Слично

Поврзани вести