ПРЕЗЕНТИРАНИ ФОТОГРАФИИ: Јанева седи на гарнитура со купче од по 500 евра
Во судница денеска беа прикажани фотографии од поранешната специјалната јавна обвинителка од СЈО, Катица Јанева, а добиени со вештачење на телефонот на шоуменот и обвинет во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски.
Има фотографии каде обвинетата Јанева седи на гарнитура дома, а на масата пред неа стои и купче со банкноти од по 500 евра.
Беа прикажени и фотографии од 23 јануари 2019 година, од 22 февруари 2019 година, од 14 декември 2018 година, од 8 декември 2018, а освен фотографии беа прикажани и кратки видеа. Видеата траат само неколку секунди, а и на нив се гледа како Јанева седи дома, пуши цигара и вели вели: Како ќе одлучат, така ќе планираме.
Јанева е фотографирана во еден скопски ресторан како се обидува да стави плик во чантата.
По презентирањето на доказите, Јовановски рече дека истите се небитни и дека не се поврзани со диспозитивот од обвинението.
Во судница денеска беа читани и пораки кои Боки 13 ги разменувал со други лица.
Доказната постапка продолжува.На претходните рочишта „паднаа“ и тешки зборови кога Јанева ја навреди обвинителката Лиле Стефанова која сведочеше.
За случајот „Рекет“ лани беа уапсени Зоран Милевски Кичеец и Бојан Јовановски, а потоа и Јанева. Таа претходно тврдење дека одредени лица го злоупотребиле нејзиното име. Јанева помина извесно време во притвор во Шутка, а сега е во домашен притвор. Кичеец призна вина и доби казна од три години затвор.
Јанева се товари дека сторило кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.
