Економија, финансии, бизнис

Контакт

Презентиран проектот за изградба на нови детски градинки во Општина Карпош

Презентиран проектот за изградба на нови детски градинки во Општина Карпош

Нашата политика и проектите што се планира да се реализираат во наредниот четиригодишен период треба да остварат позитивен ефект врз најмладите, преку обезбедување и одржување здрава средина за раст и развој, соопштија од Изборниот птаб на кандидатот за градоначалник на СДСМ на Општина Карпош, Душко Весковски.

Посочуваат дека проектите што се предвидуваат треба да придонесат за зајакнување на капацитетите на постојните детски градинки, за зајакнување и интензивирање на примената на спортот и различните спортски дисциплини, за поддршка на воннаставните активности и културното издигнување на младите генерации.

-Нашата цел е за секое дете да се обезбедат еднакви можности и услови за правилен раст и развој, во здрава средина. Затоа, планираме да изградиме по една нова детска градинка во зоната покрај реката Вардар и на просторот околу некогашна „Алуминка", со што значително ќе се подобри капацитетот и квалитетот на грижата за најмладите карпошани. Тоа, пред сѐ, ќе значи згрижување на сите дечиња од предучилишна возраст што се на листите на чекање, но и можност за отворање нови работни места.  Проекцијата за новите детски градинки предвидува изградба на објекти од по 1480м2, на два ката и згрижување на 130 до 150 деца од предучилишна возраст во еден објект“ – посочи Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош. 

Уверуваат дека константо ќе работат и на обновување и проширување на веќе постоечките градинки, со што ќе бидат подобрени условите за најмладите во општината.

ПР-Објава


Слично

Поврзани вести