Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преземени се мерки против наставникот кој тепаше ученик во училиште во Бутел

Преземени се мерки против наставникот кој тепаше ученик во училиште во Бутел

Поведена е дисциплинска постапка за наставникот кој тепаше ученик во ОУ „ Панајот Гиновски“во населбата Бутел. 

Како што објави Телма, за настанот е известена и полицијата. Ова е епилогот од увидот кој го направиле двајца инспектори од Просветниот инспекторат. Вчера имало вонреден надзор во училиштето „Панајот Гиновски“, каде наставникот по англиски јазик тепал ученик во седмо одделение. Од ДПИ го осудуваат насилството, со кое според нив, му се наштетува на психофизичкиот развој на учениците, на образовниот процес и на угледот на професијата наставник.

За инцидентот се дозна преку видео што го снимал соученик и било споделено на социјалната мрежа Тик Ток. На него се гледа како наставникот прво го удира ученикот, па го крева во воздухот.

Народниот правобранител ќе отвори постапка за овој случај. 

Слично

Поврзани вести