Економија, финансии, бизнис

Контакт

Превозот на патници во Македонија e скоро преполовен

Превозот на патници во Македонија e скоро преполовен

Превозот на патници во Македонија e скоро преполовен. 

Бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз во првото тримесечје од 2021 година е 9.158.000 и во однос на истиот период лани е е намален за 44,5 отсто, објави Државиот завод за статистика.

Бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 42,8 отсто, во приградскиот превоз за 45,3 отсто, во меѓуградскиот превоз за 51,7 отсто, а во меѓународниот превоз за 60,3 отсто.

Во првиот квартал од годинава, во однос на истиот период лани, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 66,2 отсто. Бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 86,8 отсто, во приградскиот превоз за 68,2 отсто, во меѓуградскиот превоз за 58,5 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 49,6 отсто. Бројките покажуваат пад затоа што поради пандемијата фреквенцијата на патници е намалена. 

Во четвртото тримесечје од 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 75 oтсто. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести