Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕВИД ПОРАДИ ЗГРЕШЕН МАТИЧЕН БРОЈ: Починатата тетовка немала 19, туку 59 години

ПРЕВИД ПОРАДИ ЗГРЕШЕН МАТИЧЕН БРОЈ: Починатата тетовка немала 19, туку 59 години

Починатата тетовка немала 19, туку 59 години, a превид бил направен поради згрешен матичен број. 

Сe работи за превид поради напишан погрешен матичен број на починатата пациентка, од каде се извлекуваат податоците за возраста и идентитетот.

„Нема почината пациентка на 19-годишна возраст во Клиничката болница во Тетово“, велат од Министерството за здравство.

Информацијата ја коригираше и докторот Гзим Нуредини, координатор на ковид-центарот при Клиничка болница во Тетово, на чија изјава претходно се повикаа повеќе медиуми. Нуредини посочува дека жената имала и претходни заболувања. Таа страдала од дијабетес и имала прекумерна тежина. Поради тоа што била во тешка здравствена состојба, таа била ставена на респиратор за дишење.

Слично

Поврзани вести