Превезувале ученици без возачки дозволи
Дури тројца возачи биле откриени дека не поседуваат возачка дозвола кога превезувале ученици од основните и средните училишта во Гостивар и околината, што беше откриено во последната акција на полицијата, соопшти СВР Тетово. Акцијата траела само три часа, а биле евидентирани 35 комбиња со кои се превезуваат деца во училиште.
Покрај тоа, биле откриени низа други прекршоци кои ја загрозуваат безбедноста. За прекршоците биле поднесени соодветни налози.
– При контролата, откриени се девет возила со претовар на патници, осум возачи без лекарско уверение, тројца возачи без положен возачки испит, еден со несоодветна категорија, две нерегистрирани возила и еден возач кој не ја приспособил брзината според условите на патот, соопшти Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
