Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекарите имаат совет: Промените се нагли во овој период, а ќе се заштитите еве како

Лекарите имаат совет: Промените се нагли во овој период, а ќе се заштитите еве како

Наглите временски промени влијаат врз здравјето на луѓето. Овој период од годината е карактеристичен за зголемен број на настинки кај граѓаните, особено кај детската популација.

Наутро посвежо, поручек потопло  време  кое може да не „пресече“ и да го намали нашиот имунитет. Затоа и лекарите не се изненадени на поголемиот број на грип и настинки кои ги има кај граѓаните.

Медицинските лица секогаш апелираат на превентива, посебно за најранливата категорија, за децата.

Редовно миење на раце,  да се проветрува просторијата каде што има поголем број на дечиња, најчесто тоа се градинките или училниците, да се конзумира повеќе овошје и зеленчук а посебно да се привикуваат децата да пијат повеќе вода.

Иако многу полесно се пренесуваат вирусите и настинките кај децата, тоа не значи дека и повозрасните нема да останат непогодени.

Лекарите апелираат доколку почувствувате омалаксаност на телото, или чувствувате дека немате сила, конзумирајте повеќе течности, повеќе овошје и зеленчук и одмарајте. Кога сте настинати му треба одмор на телото. Ако можете избегнете седење во чекална во болница, за да не закачите некоја посериозна болест.  Или почекајте до наредното утро за посета на вашиот матичен лекар.

Слично

Поврзани вести