Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕУБАВА И ЕЛЕГАНТНА КАКО СЕКОГАШ, многу позитивни коментари за изборот на првата дама на фестивалот во Битола

ПРЕУБАВА И ЕЛЕГАНТНА КАКО СЕКОГАШ, многу позитивни коментари за изборот на првата дама на фестивалот во Битола

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета присуствуваа на 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. 

Првата дама како и вообичаено при сите нејзини јавни излагања воодушеви со нејзиниот избор. На фестивалот, првата дама носеше зелена креација која изгледаше беспрекорно и ги воодушеви посетителите. 

За нивната елеганција тие добија многубројни комплименти.

- Најелегантен и најшармантен претседателски пар. Преубава и елеганта како секогаш. Елеганција на ниво, многу згоден пар... - се само мал дел од коментарите кои тие ги добија за нивниот беспрекорен изглед. 

Претседателот Пендаровски на својот Фејсбук профил објави неколку фотографии со настанот и посочи дека фестивалот нуди две реалности. 

- По 43. пат Интернационалниот фестивал на филмска камера International Cinematographers' Film Festival MANAKI BROTHERS пречекува домашни и странски кинематографери, филмски работници, уметници и автори кои со својата креативност и уметнички дух им го пренесуваат оригиналниот филмски свет на вљубениците во филмот.

Преку годинешната тематска одредница „Реалноста не е доволна!“ фестивалот „Браќа Манаки“ ни нуди две реалности. Првата содржи општоприфатени вистини и факти, а втората, протолкувана низ сензибилитетот на уметноста и диоптријата на камерата, додава нови перспективи во нашите животи, нашите мисли и чувства и во нашите меѓучовечки интеракции во заедницата. Преку двете реалности ни се дава можност да го разбереме светот околу нас и да се разбереме себеси во тој свет - беше истакнато во објавата на неговиот Фејсбук профил. 


Фото: Принскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести