Претстојните Божиќни празници ќе ги поминеме со нестабилно невреме, тврди Славчо Попоски
Претстојните Божиќни празници ќе ги поминеме во знакот на доста нестабилно време, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Нашата територија ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови, па така и времето ќе биде променливо со повремени врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места во западните предели како и на планините, снежната покривка особено на планините ќе се зголемува. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени. Сево ова повремено ќе биде проследено и со умерен, повремено засиелн ветер претежно од јужен правец“, вели Попоски.
Оваа 2021 година почна со релативно високи дневни температури за овој период од годината.
Слично
