Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ во Берлин, средба со претседателот на фондацијата „Конрад Аденауер", се разговарало за повеќе теми

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ во Берлин, средба со претседателот на фондацијата „Конрад Аденауер", се разговарало за повеќе теми

Пратеникот Антонио Милошоски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил објави фотографии од посетата на фондацијата „Конрад Аденауер“ и средбата со претседателот на фондацијата. 

Покрај Милошоски во Берлин беа уште четворца претставници од партијата. 

- Срдечна средба со Проф.Ламерт, претседател на фондацијата "Конрад Аденауер", дискусии за Македонија, ЕУ, билатерална соработка со Германија и подготовката на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Поздрав од Марија, Ели, Владо, Миле и Антонио од Берлин ❗️ - стои во објавата на Милошоски, која ви ја пренесуваме во целост. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести