Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Претседателот на ДИК Александар Даштевски денеска ги објави претседателските избори за завршени и константираше дека за Гордана Силјановска Давкова е нов шеф на државата, со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, односно 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 251.899.

Записникот за конечност на резултатите од гласањето беше усвоен едногласно на седницата, а уверението на Силјановска Давкова ќе и биде доделено во 10 часот., со што утре попладне, како што беше најавено, ќе се одржи инаугурација во Собранието.

За претседателските избори до ДИК немаше приговори. Сега ДИК треба да достави извештај до  Собранието за да биде закажана седница за инаугурација.

Силјановска Давкова пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат. Мандатот на актулениот претседател и нејзин против кандидат Стево Пендаровски истекува утре.

Универзитетската професорка Гордана Силјановска – Давкова ќе биде шестиот претседател на Северна Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.


Слично

Поврзани вести