Претседателот повеќе нема да може да користи аболиција
Претседателот во државата во иднина нема да може да аболицира лица, откако денеска во Собранието беше изгласан Законот за помилување.
Со тоа.помилување може да има само доколку е донесена правосилна судска пресуда. Со новиот Закон за помилување кој е предложен од Министерството за правда претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на определени лица.
„Причините за донесување на Законот за помилување, произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања регулирани со Предлогот. Она што е важно е што во него има прецизни рокови и докрај се прецизаат ингеренциите на сите засегнати страни кои учествуваат во процесот.“, соопшти Министертсвото за правда.
Со овој Закон за помилување се уредуваат поимот и видовите на помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето.
