ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ: Потфрливме во делот на примената на мерките против пандемијата
Шефот на
државата, Стево Пендаровски, во неделното интервју за Радио Слободна Европа,
оценува дека делови од владата со тоа што селективно ги применуваат мерките,
прописите и законите во однос на верските заедници, дополнително придонесоа да
се шири вирусот во Македонија.
-На ниво на системски решенија контра пандемијата во нашата држава не се разликуваше многу од непосредното опкружување, ниту од другите држави во светот, повеќе или помалку. Практично јадрото на тоа, на тие политики, на тие мерки, беа препораките на СЗО. Но нормално е дека во држави коишто немаат такви ресурси и држави кои во историска смисла се колку вчера осамостоени, и немаат подолга институционална меморија да ги планираат на стратешки начин следните децении и децении дека ќе се случуваат вакви испади од системот, да ги речам. Значи мерките беа тие, но во делот на примената на мерките ние потфрливме, како држава зборувам, но тоа не е потфрлање на владата во целина, тоа е потфрлање на некои важни сегменти од општеството и се разбира потфрлање на дел од граѓаните кои се уште не се свесни дека тие мерки мора да се применуваат, тоа е единствен начин за превенција на оваа зараза, истакнува Пендаровски за РСЕ.
