Претседателот Пендаровски: Нема многу место за оптимизам, Бугарија делува како да тврдо решена да постави блокада на нашиот пат кон ЕУ
Претседателот,
Стево Пендаровски, во синоќешното интервју за „360 Степени“ во однос на
најавенто вето од страна на Бугарија, односно за актуелниот спор со Бугарија,
за што и премиерот Зоран Заев во текот на вчерашниот ден рече дека прекршен е
членот 2 од Договорот за добрососедство, кој предвидува поддршка од бугарска
страна за македонските евроинтеграции, нагласи дека нема многу место за
оптимизам во овој момент.
-Не можам во овој момент да ѝ дадам на целата македонска јавност количина на оптимизам кон ова прашање. Инаку, Заев ова по втор пат го кажува и пред десетина дена најави дека е можна таква разврска. Јас имав изминативе денови разговори и со германскиот претседател и со бугарскиот претседател. Од сето она што го склопувам како информација и од нашата мисија во Брисел и од нашите пријатели кои не се малку во Европската унија, е дека Бугарија во овој момент делува како да тврдо решена да постави блокада на нашиот пат кон ЕУ. Не би сакал да прејудицирам, бидејќи тие го одложија Советот за општи работи за 17 ноември, што значи има десетина дена во кои може да се најде заедничка солуција“, рече Пендаровски.
