Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НЕ ГО ДАВА МАНДАТОТ: Што очекува Иванов од Заев?

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НЕ ГО ДАВА МАНДАТОТ: Што очекува Иванов од Заев?

Претседателот Ѓорге Иванов повторно побара лидерот наЗоран Заев „заедно со коалициските партнери јавно да даде гаранции за зајакнување на единството на државата и почитувањето на Уставот на Република Македонија“. 

Ова се вели во официјалното соопштение од кабинетот на Иванов по повод писмото на претседателот на парламентот, Талат Џаферикое стигнало дури вчера, а во кое тој го информира за постоењето на парламентарно мнозинство. Џафери побара Иванов да го врачи мандатот за составување на нова влада на Зоран Заев. 

„Претседателот Иванов останува на својот став дека т.н..„Албанска платформа“, како и каков и да е друг документ или акција против Уставот на Република Македонија, не може да биде услов уште помалку пак основа за создавање и работа на владата на Република Македонија“. 

Во однос на прашањето за доделувањето на мандат, претседателот ќе дејствува согласно Уставот и досегашната практика“, се вели во соопштението од кабинетот на Иванов. 

Утринава СДСМ го повика Ѓорге Иванов веднаш да даде мандат за формирање влада. 

„Брзото и мирно предавање на власта е врховен државен интерес и приоритет. Секоја пречка на тој пат претставува антидржавно и неуставно однесување кои се казнуваат со законите на земјата“ се вели во уште во пораката од седиштето на СДСМ

„Иванов нема потреба да се чека десет дена. Потребно е да ги исполни барањата на Уставот и што е можно побрзо да врачи мандат. Веќе нема никакви пречки за давање на мандат. Сите неразумни аргументи на Иванов беа изведени преку разумни чекори од парламентарното мнозинство, кое ги почитува законите и Уставот“, пишува во соопштението.

Слично

Поврзани вести