Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот на здружението кое донираше споменици за Скопје 2014 доби уште две години забрана за влез во Грција

Претседателот на здружението кое донираше споменици за Скопје 2014 доби уште две години забрана за влез во Грција

Ташко Јованов, познат како претседател на Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин што под контроверзни околности донираше споменици за проектот Скопје 2014, добил уште две години забрана за влез во Грција.

Претходно тој имал забрана од 7 години за влез во Грција за која верувал дека му е истечена, особено по потпишувањето на Преспанскиот договор.

- Во Грција сега се спави Божиќ и си викам ај сега по договорот имаме пријателски односи, Северна Макеоднија, да отпатувам и јас. И ме повикаа кога ги собраа пасошите и ми ставија печат и ми рекоаа „ти не може“ и ми рекоа уште две години и неколку месеци, рече тој во вестите на Сител.

Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин се јавуваше како донатор на споменици во центарот на Скопје.



Слично

Поврзани вести