Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот на Уставен суд пријави закани кон колеги

Претседателот на Уставен суд пријави закани кон колеги

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и безбедноста на колеги од судската инстанца што ја предводи.

Од Уставен суд информираат дека пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот.

- Претседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани упатени до судиите, истакнувајќи дека во едно демократско општество, вакви и слични закани претставуваат  напад врз интегритетот на Уставниот суд, но и директен притисок врз независното и самостојно одлучување на сите судии, реагира судот.

Упатените јавни закани и повици за насилство се од сериозен степен и Судот „очекува надлежните органи професионално и навремено да ги превземат сите неопходни мерки и активности за расветлување на овој но и слични закани кон судиите“.


Слично

Поврзани вести