Претседателот на Советот на Кисела Вода станал адвокат на „Лајка“ за каснувања од кучиња
Претседателот на Советот на Општина Кисела Вода Иван Живковски од ВМРО-ДПМНЕ е ангажиран како адвокат на скопското јавно претпријатие „Лајка“ за месечен хонорар од 50.000 денари.
Договорото е склучен со адвокатската канцеларија на Живковски која ќе ги застапува на суд по тужби од граѓани за каснати кучиња, објави СДК.
Директорот на ЈП „Лајка“ Воислав Димитровски вели дека сумата за ангажманот е помала од онаа што ја земале адвокатите ангажирани од претходното раководство.
Додава дека ниту досега, ниту сега изборот на адвокатски друштва не се правел преку тендер.
Слично
