Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот на синдикатот на скопски Водовод обвинет дека пренесувал пици со службено возило пред да добие отказ

Претседателот на синдикатот на скопски Водовод обвинет дека пренесувал пици со службено возило пред да добие отказ

Нарушена работна атмосфера и натаму го тресе најголемото и најбогатото комунално претпријатие во Македонија, скопски „Водовод“, каде што претседателот на синдикатот, Стојанче Кашиковски, доби отказ.

За Сојузот на синдикатите на Македонија претставува преседан и скандал да му се даде отказ на претседател на синдикат, а денеска Канал 5 пренесува дека извори од Град Скопје кои брифираат дека Кашиковски ги користел службените возила на претпријатието за да разнесува пици од пицеријата на претседателот на ССМ.  Службите го откриле преку нивниот GPS систем. 

Кашиковски категорично ги демантира ваквите наводи. Претходно, директорот на Водовод, Марјанче Митовски, рече дека Кашиковски е отпуштен со образложение дека не извршувал работни задачи додека користел годишен одмор. 

„Апсолутно не е точно, а податоците кои што се дадени во јавноста за користењето односно за следењето преку GPS ја нарушуваат безбедноста бидејќи, меѓудругото, јас сум раководител на одделение за обезбедување во јавното претпријатие Водовод и канализација. Значи со тоа е нарушена безбедноста за водоснабдувањето во Град Скопје.“ рече Кашиковски.

Синдикалните организации ССМ и СУТКОЗ веќе некое време бараат разрешување за директорот Митовски поради, како што велат, своеволие и шерифување кон вработените.


Слично

Поврзани вести